Во Берово во тек активности за чистење на водотеците

Во Берово во тек активности за чистење на каналите, со цел спречување на идни поплави. Со првата активност како што информираа од Општината со чистење од наносен материјал опфатен е Ормански канал кој пред околу еден месец беше зафатен од поплавите во Берово.

-Согледувајќи ги реалните потреби и состојбите на водотеците, во изминатиот период, во соработка со АД Водостопанство, во државна сопственост, спроведена е акција за чистење на  Ормански канал. Чистењето на овој природен водотек, од наносен материјал и вегетација, во должина пд 1250 метри, се врши со цел спречување на излевањето на водата надвор од коритото и заштитата на семејните имоти и куќи од поплави, како и заштита на улицата  информираа од Општината.

Оттаму додадоа дека во согласност со програмите за чистење на природни водотеци ќе продолжи грижата за подобрување на условите за живот на граѓаните и за подобрување на сликата за градот.

-Преку издвојувањето на средства за реализација на вакви превентивни алтивнсти, Општина Берово постојано позитивно придонесува во услови на обилни врнежи, да бидат намалени на минимум, можностите за поплави на објекти и имот во Берово и околината, додадоа од Општината.

Ваквите активности како што додадоа продолжуваат и во наредниот период, а во реализација на истите како што додадоа можат да се вклучат и доброволци и останати граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*