
Во пехчевското село Чифлик ќе се уредува детското игралиште. Активноста ќе се реализира како дел од соработката на Мрежата за рурален развој, Локалната акциска група Малеш-Пијанец и Општина Пехчево. За таа цел како што информираа од Општината потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со партнерот ЛАГ Малеш – Пијанец и Општина Пехчево, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Пехчево, Детската градинка „7 Септември“ и здружението Едукативен центар за зачувување на природата, село Негрево, Пехчево.
-Овој меморандум има за цел да ја формализира соработката помеѓу потписниците за релизација на проектната иницјатива на територијата на ЛАГ Малеш – Пијанец, „Уредување на детско игралиште во село Чифлик, Општина Пехчево“. Иницијативата е поддржана од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, истакнаа од Општината.
-Соработката помеѓу потписниците на Меморандумот за соработка како што додадоа има за цел уредување на детското игралиште во село Чифлик, со содржини за забава на деца и поставување на автобуска постројка до игралиштето.
-Заедничките активности се состојат од промена на оградата/мрежата на игралиштето, уредување на просторот околу дестското игралиште, поставување на автобуска постројка/чекална до игралиштето, поставување на детски реквизити на озеленетиот простор околу градинката и поставување на информативна табла, додадоа од Општина Пехчево
Времетраењето за реализација на проектот
,,Уредување на детско игралиште во село Чифлик, Општина Пехчево“ ќе изнесува еден месец, по што игралиштето свечено ќе биде пуштено во употреба.

Leave a Reply