
КУД „Гоце Делчев“ од Делчево е со задоволство виден гост на фестивалот во Јагодина, кој веќе 27 години го организира друштвото Каблови од Р.Србија. Културно-уметичкото друштво „Гоце Делчев“ кое е формирано пред 49 години, а моментално има 202 членови од сите старосни генерации, под водство на извршниот директор Зенил Реџепов Стручни и претседателката Соња Мавродиева Георгиевска, на фестивалот во Јагодина настапи со дел од играчката и пејачката секција, а во рамки на своите настапи како што истакна претседателката на друштвото Соња Мавродиева Георгиевска редовно ги презентираат и народните носии од повеќе краишта на Македонија.
-Имаме оригинални носии буквално од сите краеви на Македонија. Секогаш е различна и во скалд со кореографијата која се изведува. Носијата ја пратат и сите додатоци кои се потребни и затоа и изгледа така убаво на сцената. Каде и да одиме секогаш не повикуваат на бис, истакна претседателката на КУД „Гоце Делчев“ Соња Мавродиева – Георгиевска.
КУД Гоце Делчев настапува ширум Европа, а следната година ќе одбележи половина век постоење и успешна работа. Соработката со „Каблови“ датира околу 40 години.
-Соработката е прекрасна долга е и прекрасна, тука доаѓаме 39 години а од Каблови доаѓаат на нашиот фестивал во септември. Љубовта е обострана и се надеваме дека така ќе биде уште долго, додаде Мавродиева Георгиевска.
Јагодинци на Летната сцена уживаа во концертот на КУД „Гоце Делчев“ подготвен само за нив.
Во продолжение линкови од настапите на нашето Културно-уметничко друштво.
KUD “Goce Delčev” Delčevo on the summer stage of DZK “Kablovi” – YouTube
Leave a Reply