
Иселениците од делчевската населба Стар Расадник ја продолжија традицијата долга 18 години, пресликана во музичка манифестација наречена Расадничка Вечер. За прв пат започна да се организира во 2005 година од страна на група иселеници од самата населба и од тогаш до денес со двегодишна пауза поради корона пандемијата, 18 години ги собира иселениците и жителите од Расадник, но и од околните населби во Делчево на заедничка дружба.
-Целта на овој настан е да се извидиме со нашите сограѓани. Две години не правевме поради пандемијата, а еве сега е 18 пат како ја одржуваме Расадничката вечер. Секогаш средбата е на 15 август, датум кога повторно се собираме сите иселеници од Италија, Германија, Швајцарија и други земји. Расадничката вечер започнавме спонтано да ја организираме и еве од година во година е се помасовна, вели Љупчо Михаилов, иселеник во Италија.

Во населбата Стар Расадник во Делчево која е модерно уредена населба, луѓето се населени после 1970 година, а моментално населбата брои над 1000 жители. Најголем број од луѓето периодично работат во странство, но организаторите со своите семејства од поодамна се целосно иселени во западно-европските земји, најчесто во Италија.

Во рамки на синоќешната Расадничка вечер беше подготвена богата музичка програма овој пат со миленикот на публиката Влатко Миладиноски и Интермецо Бенд.
Со Расадничката Вечер во Делчево завршија иселеничките средби организирани на повеќе локации од страна на делчевските гастарбајтери.
Leave a Reply