Завршна работилница од проектот ,,Лето во ЈЛБ ,,Илинден”

ЈЛБ „Илинден“ Делчево утрово го реализира третиот, последен ден од работилницата „Лето во ЈЛБ Илинден“ на која учествуваа 20 дечиња.

-Имавме направено дрво без листови, дечињата на шарени ливчиња си го напишаа името и што сакаат да бидат кога ќе пораснат.Сите тие ливчиња ги залепија на дрвото и така ја обликувавме неговата крошна.Децата дрвото го нарекоа радосно дрво и навистина беше радосно затоа што на него се најдоа соништата и желбите на децата за тоа што сакаат да бидат во иднина.Имаме лекари,неврохирурзи, стилисти, гинеколози, полицајци, учителки, ветеринар, бербер…., истакна директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Билјана Петровска.

Ова беше уште едно утро исполнето со многу смеа, радост и креативност, полно мотивација и позитивна енергија.

-Со оваа активност завршува летната работилница на библиотеката за крај од име на ЈЛБ„Илинден“, упатуваме огромна благодарност до сите деца кои беа дел од неа, и секако благорарност до родителите кои ни помогнаа во реализацијата, додаде Петровска.

На крајот сите се договорија и во иднина да бидат креативни, насмеани и радосни и да се дружат и во есента пред нас.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*