Во беровско Ратево започна реконструкцијата на улица ,,Илинденска”

Со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски, започнува реконструкцијата на улица ,,Илинденска”, во с. Ратево, која што е главна и воедно најфреквентна улица во селото.

Ќе се реконструира улицата во должина од 940 метри, со широчина од 3 метри, со предвидени места за разминување.

Проектот опфаќа и реконструкција на селскиот мегдан, со соодветно сообраќајно решение, со одводнување, со прифатна решетка и обнова на цевасти пропусти.

Реконструкцијата на ова улица, е од големо значење за жителите од с. Ратево, кои ќе добијат соодветен пристап до своите имоти, подобар квалитет на живот и полесен пристап до црквата.

За реконструкција на ова улица од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, се обезбедени 8,5 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*