Во тек пријавувањето за турнирот во кошарка во М.Каменица

Од 23 до 25 Август 2023 година во спортската сала во ООУ “СВ.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица ќе се одржи турнир во Кошарка 2023 година во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица и Општина Македонска Каменица.

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката, а пријавувањето ќе трае до 23 август 2023 година до денот на започнување на турнирот.

За пријавувањето не се наплаќа котизација. Пријавувањето се врши во просториите на КИЦ Романса или на телефон 070-309-720. Најмногу може да се пријават 8 (осум) екипи кои ќе бидат поделени во 2(две) групи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи
Освојувачите на првите три места добиваат медали и пехари.

За термините на одигрување ќе бидете известени дополнително.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*