
Во Берово започна Пингпонгарскиот камп за тренери кој го организира Пингпонгарската Федерација на Македонија. Целта на кампот кој ќе трае до 23 август годинава е да се инвестира во капацитетот на тренерскиот кадар.
-По успешно завршување на првото ниво, согласно стандардите за сертификација на светската федерација, ИТТФ1, во посета на државата е менаџерот за развој на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) Мохамад Алтоум, кој го одржува семинарот за тренери во Берово. Со овој семинар ќе се изврши сертификацијата за тренери, на второ ниво ИТТф2, информираа организаторите.
Семинарот на кој учествуваат 12 тренери заедно со Алтоум, се реализира со финансиска и организациска поддршка од Олимпискиот комитет, преку Фондот за солидарност.
-По завршувањето на семинарот за тренери, гостинот од ИТТФ ќе одржи и неколкудневен тренинг камп, за најмладите и талентирани играчи од државата, со подршка на националните тренери, додадоа од Пингпонгарската федерација на Македонија.
Организирањето на овој камп како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој на фејсбук ја поздрави работата на учесниците означува дека Берово го задржува приматот како град на понг понгот.

Leave a Reply