Започнува поврзувањето на доводниот цевковод со филтер станицата во Пехчево

Денес Градоначалникот на Општина Пехчево потпиша Договор со фирмата МИНТ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ, Скопје,
Фирма изведувач на градежните работи за реализација на проектот „Поврзување на доводен цевковод со филтер станица во Пехчево со постоечки таложник и реконструкција на таложник“.

Вредноста на проектот е 2.029.087,00 денари, средства обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на доставена апликација од страна на Општина Пехчево, согласно Програмата за управување со водите за 2023 година, дел III став 1 – „Изградба на нови и одржување и унапредување на постојаните јавни водоснабдителни објекти“.

Градежните работи за реализација на гореспоменатиот проект ќе бидат отпочнати во текот на оваа недела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*