
Пензионерите од Берово денес продолжија со протестите, повторно барајки линеарно покачување на пензиите за 3500 денари. Протестирајки ред споменикот на паднатите борци од НОВ каде се одбележуваше Денот на ослободувањето тие се сретнаа со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, барајки Општината да ги прими за да ги слушне нивните барања.
-Нашите барања и од Општина Берово и од дел од независните пензионери што не сме задоволни од нашите пензии е линеарно покачување за 3500 денари на секој пензионер. Повеќе од тоа не бараме, одиме сега за сега за покачување на минималната пензија еве гледам дека има одлука од власта да биде 13.300 да оди на тоа и линеарно а биде за секој пензионер 3500 денари, рече Соња Ѓорѓовска, претставник на незадоволната група пензионери од Берово.

Сите претставници на незадоволната група пензионери на ниво на Македонија, како што додаде се организирани своите барања да ги предочат на повисоко ниво, со тоа што и пред повисоките инстанци ќе го соопштат ставот на сите пензионери кои ги поддржуваат.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека моментот кој го избрале пензионерите е погрешен, неоспорувајки го нивното право на протест за легитимно.
-Правото е легитимно, моментот е погрешен бидејки денес е Ден на ослободувањето на Берово. Инаку имавме состанок со тој иницијативен одбор, при што на следната седница на Совет, тие барања ќе бидат доставени, ќе разговараме кои заклучоци ќе ги донесеме и кои политики ќе ги градиме заеднички во наредниот период, рече Пекевски.

Во Берово има околу 1700 пензионери со ниски пензии и најголем дел како што додаде Ѓорѓовска ги поддржува во нивните барања, кои ќе продолжат да ги пласираат се до наоѓање решение за решавање на проблемот со прифаќање на нивните барања.
Leave a Reply