
Во рамките на Каменичко Културно Лето 2023 година кое ќе се одржи на Градскиот плоштад во Македонска Каменица Културно информативниот центар Романса ги најавува настапите на локални бендови од Општина Македонска Каменица кои ќе ја збогатат и така богатата музичко сценска дејност во периодот од 26 до 28.08.2023 година на Градскиот плоштад во Македонска Каменица:
26.Август 2023 година, локалниот бенд “3+2” кои ќе настапат од 20.00 часот и
27. Август 2023 година, Риплеј бенд, кои ќе настапат од 19.00 часот на Градскиот плоштад
Во рамки на настанот уште една македонска музичка ѕвезда со нејзиното присуство ќе ја збогати овогодинешната програма на Каменичко културно лето 2023 година.
Естрадната ѕвезда Соња Тарчуловска ќе настапи на 27.08.2023 година со почеток од 20.00 часот
Исто така како учесници на овогодинешното издание на Каменичко културно лето 2023 година во музичко сценскиот дел ќе настапи и КУД “ВЕРА ЈОЦИЌ” Македонска Каменица и фолклорна група при НУЦК “НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ” од Делчево кои ќе настапат на 26 Август 2023 година на Градскиот плоштад во Македонска Каменица и ќе ја збогатат богатата музичко забавна програма во рамките на Каменичко културно лето 2023 година.
Почетокот на нивниот настап е од 19 часот.
Дојдете заеднички да го отвориме овогодинешното културно лето и заеднички да уживаме во нивните прекрасни настапи, се вели во поканата на организаторите на настанот кој е потпомогнат од Рудник Саса и Општина М.Каменица.
Манифестацијата Каменичко-културно лето стартува на 26 август со концерт на Силви Бенд и Наум Петрески, потоа на 27 август ќе настапат Дамјан Стојановски и Зуица Лазова. Главниот дел од програмата е на 28 август 2023 кога за Денот на Општина Македонска Каменица и Денот на рударите подготвена е колаж од повеќе изведувачи. Забавата ќе започне со настапите на Бојана Скендеровски и Ламбе Алабаковски, а музичко забавниот дел продолжува со настапот на мега популарната балканска музичка ѕвезда, Аца Лукас, информираа од КИЦ ,,Романса”.







Leave a Reply