
Остра реакција на Претседателот на ОО на ПДПР од с.Црник Енвер Патров кон интерниот однос на Централната и Локалната власт за како што се вели во дописот крајно загрижувачката загадена животна средина во селото.
Во продолжение интегралниот текст од реакцијата на Патров:
………………………………………
Досега ние како партија повеќе пати правевме обиди за решавање на проблемот со отпадот во селото но никако да наидеме на разбирање од надлежните органи и поединци.
Правото на здрава животна е фундаментално граѓанско право кое е темелна Уставна вредност според Уставот кое право мора да се заштитува и унапредува и Републиката е должна да обезбеди услови за остварување на правото на здрава животна средина.Освен уставот постојат и други прописи што го регулираат ова право а меѓудругите е Законот за управување со отпадот.
Општината,Градоначалникот,директорката на ЈКП Пехчево како и Министерството за Економија свесно ни го повредуваат правото на здрава животна средина и правото на здравје.
Отпадот кој воопшто не го третираат и за кој не водат никаква грижа привлекуваат разни животни кои предизвикуваат и пренесуваат заразни болести.
Од централната селска депонија најзагрозени се нашите деца,изнемоштените стари лица и особено лицата со хронични болести.
Срамно е и безобразно е надлежните да не остават во таква лоша смрдлива средина која е извор на болести и сирење на зарази.Затоа ги повикувам под итно да преземат конкретни мерки за решавање на овој проблем бидејќи имаат должност кон нас граѓаните да ни го обезбедат ова уставно право. Под итно Централната и Локалната власт да заборават на своите политички несогласувања и да ни го решат овој децениски проблем,да се координираат и да ни помогнат бидејќи нивните политички фотелји и привилегии се од нас граѓаните а лесно можат да ги изгубат и да легнат под нив.
Граѓаните ве молат.






Leave a Reply