Се подобрува пристапот до земјоделско земјиште во пехчевско Спиково

Завршија градежните работи за реализација на активностите на проектот „Изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште Пехчево – село Спиково“ со што се тампонираше најоштетениот дел од патот што води до село Спиково во должина од 500 метри.

Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 846.452,00 денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по доставена апликација од страна на Општина Пехчево, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 124.

Тампонирањето на пристапниот пат до земјоделско земјиште Пехчево – село Спиково во должина од 500 метри и ширина 3,5 метри, каде најголем дел од населението има земјоделско земјиште и пчелни семејства ќе придонесе за брза и безбедна достапност на населението до своите земјоделски површини и пчелни семејства.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*