
Јавнаѕа локална библиотека ,,Илинден” ги додели наградите за читател на летото. Во рамки на свеченоста организирана по тој повод најдобрите читатели добија подарок и благодарница.
-Во топлите летни денови, на плажа или дома, нема подобра релаксација од добра книга. Освежување на сите сетила. Библиотеката и ова лето беше доста посетена.И традиционално на крајот на август, ЈЛБ„Илинден“ избира читател на летото. И овој пат одлучивме да наградиме тројца наши членови на различна возраст. Благодарница и подарок книга за читател на лето 2023 добија: Јосиф Јочевски од учениците, Маја Стоименовска и опд повозрасните наши членови Јорданка Ѓеоргиева. Честитки до сите, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, истакна директорката Биљана Петровска.
Убавите топли денови се уште траат и се полни со авантури, патувања, љубов и раскажувања, но не сакаат сите ист вид на литература. Во ЈЛБ„Илинден“ изборот е голем. Ве очекуваме!, додаваат од ЈЛБ ,,Илинден”.
Leave a Reply