Отворено 13-тото издание на Етно Плоштад Фестивал во Берово

Во Берово со дефиле на културно уметнички фолклорни друштва отворено 13-тото издание на Етно Плоштад Фестивал. Настанот традиционално започна со Саемот на традиционални производи ,,Малешевијата на дланка” на кој беа претставени традиционални производи карактеристични за Малешевијата.

-Јас сум Љубинка Механџиска од Русиново на саемот учествувам со волнени производи, производи изработрни на разбој. Овде имаме и ,,черги” кои многу малку се изработуваат тука, материјал наречен ,,ресло” земаме од конфекциите, место истиот да оди на депонија ние го користиме при изработката. Со ова се занимавам од 14 години, а од 2004 година натука секојдневно, вели Механџиска.

Прилика да се уверат во квалитетните изработки на Саемот на традиционални производи во Берово го имаа и градоначалниците од Кумровец и Струмјани и заменик претседателот на Општина Бела Паланка кои заедно со домаќинот, градоначалникот на Берово, први имаа прилика да пробаат од богатиот асротиман на вкусни малешевски производи.

-Мило ми е што сме гости во Берово и што имаме можност да развиваме проекти заедно, истакна Роберт Шплајт, градоначалник на Општина Кумровец.

Градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев упатувајки поздрав од жителите на Струмјани до беровчани, истакна дека Берово е една братска општина со која имаат многу завршени, но и планирано многу идни проекти во иднина, за развивање на Малешевијата како регион.

Заменик претседателот на Бела Паланка, Мирослав Маринковиќ потенцираше дека двете општини имаат многу заеднички работи, напоменувајки дека ова е само почеток на една добра соработка.

Манифестацијата Етно Плоштад Фестивал за отворена ја прогласи Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој посака сите да уживааат во тридневната фестивалската програма.

-Програмата е концепирана да се даде посебно значење на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со македонските песни и ора, кои се пренесуваат од колено на колено и заеднички да градиме убави и трајни спомени.Препознатливоста на еден народ, нација, на еден град, е токму по културата, а Етно плоштад фестивалот и Саемот на локални производи претставуваат нераскинлив спој на традиционалното со модерното, преку што, се вреднува вложента енергија и креативниот напор и се создаваат трајни вредности, рече Пекевски.

Во рамки на првиот ден од програмата на Етно Плоштад Фестивал синоќа настапија културно уметнички друштва и пеачки групи, а двој настап имаа и учесниците на фестивалот на детски песни ,,Малешевски ѕвонче”, по што вечерта беше заокружена со настапот на 2 NIGHT BAND.

На трите фестивалски вечери, ќе настапат играорци и уметници, од земјава и пошироко, кои ќе го збогатат културно забавниот живот во Берово и воедно ќе ги презентираат националната традиција, фолклорното богатство и култура. Програмата вечерва продолжува со настап на камерниот оркестар Битола, Марко Жигмановиќ и Escape Band, а главна ѕвезда на овогодинешниот Етно плоштад фестивал е Жељко Самарџиќ, кој ќе настапи во недела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*