
Започнаа градежните работи за реализација на проектните активности за проектот „Поврзување на доводен цевковод со филтер станицата во Пехчево со постоечки таложники и реконструкција на таложник“.
Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми времето за технолошкиот третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија која ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање преку апликација доставена од страна на Општина Пехчево, во вредност од 2.100.000,00 денари.




Leave a Reply