Свечено отворен Меѓународниот турнир Зегин Опен 2023

Во Берово започна вториот Меѓународен турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023. Организатор на турнирот кој се одржува под покровителство на спонзорот Зегин е истимениот пинг-понгарски клуб од Берово, настан на кој учествуваат натпреварувачи од 11 земји во светот вклучително и домаќинот Македонија.

-Турнирот започна вчера со натпреварите во ветеранска конкуренција од 40 до 70 години, многу сме задоволни од посетата имаме учесници од 11 земји, како турнир се шириме многу брзо. Денеска е апсолутна категорија, имаме голема конкуренција, светски играчи кои се меѓу првите 200 на светската ранг листа. Медиумски сме добр покриени имурниротод таме лајв стрим пренос турнирот. Верувам дека од година во година уште повеќе ќе раснеме и ќе имаме двојно повеќе учесници, истакна Јован Ковачовски, тренер на ППК „Зегин“.

Претседателот на пингпонгарската федерација Горан Тиловски истакна дека ова е еден од поголемите Регионални турнири и за нашата федерација која со организирањето на овој турнир и поддршката која ја дава испраќа порака за развој на спортот особено за развој на пин-понгот.

-Ние Берово го гледаме како еден од најбрзо растечките клубови во државата. Ова е продолжеток на еден хиперактивен дел бидејки се одржаа два настани во Берово каде сертифициравме 11 тренери со ITTF второ ниво, со поддршка на Пингпонгарската федерација и Олимпискиот комитет. Потоа се одржа младински камп за репрезентативци така што ова е само еден логички сплет на настани како трет настан од огромна регионална и државна значајност со поддршка на федерацијата, рече Тиловски.

Селекторот на младинската репрезентација Сашко Богатинов се заблагодари на домаќинот за одличната организација посакувајки добир натпревари и успех на нашите претставници

-Се надевам како селектор дека нашите претставници ќе се претстават во одлично светло, се надеваме на одлични игри и ова ќе биде поттик за младите да го сакаат пинг-понгот да имаат една одлична мотивација и секако благодарностдо организационит одбор за овој прекрасен настан, рече Богатинов.

Претставникот на спонзорот на турнирот Благој Механџиски потенцираше дека овој турнир е одлична можност уште еднаш Малешевијата да ја покаже својата гостопримливост.

-Посебно сакам да го изразам моето задоволство од сите кои ја подржаа оваа спортска манифестација во која сите верувавме и еве ги доживуваме успесите на европско и светско ниво. Денеска сме овде заради една мала пинг-понгарска топка која го симболизира целиот свет имаме гости од 11 земји од некогашните републики во Југославија и светски земји пред кои ја покажуваме нашата гостопримливост како Малешевија. Благодарност до тренерите кои се тука да направата овој турнир од година во година уште повече да расте, рече Механџиски.

Оваа година ќе има натпревари во десет категории со учество на 130 натпреварувачи, со тоа што годинава натпреварите од турнирот ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот канал на турнирот. Наградниот фонд годинава спонзорот Зегин го зголеми двојно за разлика од минатата година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*