Видео: Легендата за ,,Димна Јуда” овековечена во прекрасно музичко парче на Tibetréa

Според народните преданија Димна Јуда била самовила која живеела на планината Влаина (Пијанечко, Македонија). Таа побарала од луѓето кои живеат таму да и дадат три мажи, три жени и три деца за да изгради град, но под услов да не фрлаат клетва.

Но откако мештаните одбиле и понудиле злато наместо живи луѓе, Димна Јуда изградила град од 100 ергени и моми.

За тоа сведочи и самиот текст овековечен во прекрасен видео спот:

Димна јуда град градила

Димна јуда, мамо, град градила,
на планина, мамо, на Влаина.

Што е колје, мамо, побивала,
сè ергени, мамо, за главење.

Што е плиќе, мамо, заплиќала,
сè девојки, мамо, за мажење.

Димна јуда, мамо, град градила,
на планина, мамо, на Влаина

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*