
Пресконференција на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ Делчево на тема ,,Образование”.
На прес конференцијата свое обраќање имаа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Иван Гоцевски и советникот Стефанија Јовановска.
Видео од прес конференциите со интегралниот текст во продолжение:
………………………………….
Прес конференција – Стефанија Јовановска.
Основното образование во Делчево е еден од најважните сегменти во општествениот живот во Делчево.
Во Основните училишта на најмладите делчевчани треба да им се проектира љубовта кон родниот крај и потенцијалните придобивки од живеењето дома. Младите во Делчево со актуелната власт ги живеат најлошите години од независноста на државата.
За ваквата погубна реалност сведочат бројките на одлив на ученици во основното образование во Основното општинско училиште “Ванчо Прќе” како и во Основното општинско училиште “Св Климент Охридски” во Делчево.
Само во училиштето Ванчо Прќе во последните 5 години бројот на ученици е намален за повеќе од 110 ученици. Тоа се 4- 5 паралелки помалку што е рефлексија на погрешните политики на градоначалникот Горан Трајковски и неговата партија СДСМ која е на власт повеќе од 6 години во државата.
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во наредниот период жестоко ќе се заложи за имплементација на силни реформи во основното образование како и спроведување на мерки и политики кои што ќе значат поголема атрактивност и квалитет на основното образование како на локално ниво во Делчево така и во Република Македонија.
………………………………………………………
Прес конференција Иван Гоцевски:
1.Предлог мерки за подобрување на алармантно лошите состојби во основното и средното образование во Делчево:
1.1.Предлог-мерки за подобрување на работата на СОУ “М.М. Брицо” Делчево
-Иницирање и развивање на промотивни активности на менаџментот на гимназијата во Делчево:
-Спроведување на отворени денови за деветооделенците од Делчево како и за нивните родители, Отворени денови реализирани во соседните општини Берово, Пехчево, Македонска Каменица,
-Воспоставување на соработка со приватни компании за обезбедување на стипендии за идните средношколци во СОУ ММ Брицо,
-Воспоставуавње на систем за оценување на работата на наставниот и управниот кадар во СОУ ММ Брицо со цел за афирмација на нивните капацитети како и капацитетите на училишната инфраструктура во училиштето,
-Поагресивна промоција и унапредување на досега воведените мерки за стимулација на постигање на одлични резултати во образовниот процес кои се однесуваат на наградни патувања за најдобрите ученици, стипендии за најдобрите, поддршка при реализација на настани за ученички активизам итн,
-Воведување на систем за награди на наставниот кадар кој постигнува исклучителни успеси со учениците на државни и меѓународни натпревари,
-Воведување на систем за поддршка на настани од општествен карактер и афирмација на средното образование во Делчево,
-подобрување на воспитно-образовната услуга од страна на наставниот кадар и менаџментот на училиштето преку нивна специјализација- студиски посети и слично.
Нашата Гимназија Методи Митевски Брицо во Делчево заслужува подобри услови како за професорите така и за учениците. Заеднички со граѓаните на Делчево во наредниот период ќе обезбедиме реализација на сите напредни иницијативи и идеи кои што ќе допринесат за развојот на средното образование во нашата општина.
Прес конференција Стефанија Јовановска
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на Општина Делчево поднесовме повеќе конструктувни предлози со цел за подобрување образовниот процес за учениците, согледуваајки ја незаинтересираноста на градоначалникот за реализација на потребни проекти за развој на образованието во нашата општина.
Предложивме
-Бесплатен претстој на децата во клонот на детската градинка во село Разловци,
-Бесплатни ученички униформ за децата од прво до петто одделение,
-Бесплатен оброк за дечињата во двете основни училишта,
-Бесплатни таблет уреди за дечињата од четврто одделение,
-Бесплатен дневен претстој за дечињата и внучињата на припадниците на Македонските бранители во детската градинка Весели Цветови во Делчево,
-Подобрување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои водат до училиштата во Делчево,
Во очекување на позитивен одговор од страна на градоначалникот ќе настојуваме овие проекти произлезени од родителите на учениците училишните одбори и наставниот кадар во наредниот период да бидат реализирани.
Актуелните ненародни политики на СДСМ мора да запрат. Токму затоа на Делчево му се потребни брзи предвремени парламентарни избори за да го сопреме овој погром на деца во нашата општина. Само со убедлив пораз на СДСМ на наредните избори може да го запреме исчезнувањето на Делчево.
Leave a Reply