Во село Разловци започнуваат активностите за реконструкција на дел од оштетената патна мрежа

За прв пат од изградбата се врши реконструкција на регионалниот пат кој води до најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци.

Екипи на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта деновиве започнаа со градежните работи за реконструкција на овој пат, а реконструкцијата предвидува санација и поставување нов асфалт во должина од 10 км.

Pегионалниот пат за с. Разловци беше во многу лоша состојба и горлив проблем за жителите повеќе од 20 години. Ме радува фактот што ЈПДП ги слушна нашите барања и одговори конкретно со вредна инвестиција од 50 милиони денари. Со реконструкцијата, жителите ќе добијат современа патна инфраструктура што ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот. Сакам да напоменам дека минатата година со средства од МТВ го изградивме и локалниот пат Делчево-Тработивиште во должина од 5 км што има големо значење и за поврзаноста на с. Разловци со градот Делчево. Ова е уште еден доказ за нашата посветена работа и доказ дека работиме плански и по приоритети.

Реконструкцијата на регионалниот пат за с. Разловци е вредна 50 милиони денари средства преку програмата на ЈПДП, а градежните работи ги извршува ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Од ЈП за одржување магистрални и регионални патишта информираат дека поради работите на патот ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се апелира до учесниците на сообраќајот на внимателно возење и почитување на сигнализацијата на патот.

Кога сме кај овој патен правец пред 6 месеци на барање на жителите го посетивме село Разловци кои тогаш се пожалија на патната инфраструктура за што успеавме да снимиме видео материјал на кој може да се видат најоштетените делници од овој пат кој е од огромно значење за жителите на едно од најбројните по жители села во делчевско.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*