Тематската изложба на икони ,,Христијански светители” отворена во Делчево

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и Општина Делчево во низата убави настани, денеска запишуваат уште еден прекрасен настан со прекрасен повод. Во рамки на одбележувањето на ослободувањето на нашиот град и осамостојувањето на нашата татковина, ЈЛБ „Илинден“ и општина Делчево организираа тематска изложба на икони од кочанскиот автор Влатко Анчов.

Изложбата како што истакна директорката Биљана Петровска е поставена во читалната на библиотеката и сите наши сограѓани ќе имаат можност во следните неколку дена да ја посетат оваа изложба.

-Со оглед на тоа што изложбата е и со продажен карактер, икони можат и да се купат. Претставени се вкупно 90 икони. Авторот Влатко Анчов на отвоирањето на изложбата информираше дека сите икони се изработени од природен материјал-дрво во техника пирографија.

Оваа изложба денеска е тука благодарение на директорката на библиотека „Искра“- Кочани, која беше нашата врска околу организацијата на целата изложба и нејзиното поставување кај нас, Кристина Горгиевска Атанасова. На отворањето на изложбата таа зборуваше за самата изложба како рецезент на Каталогот направен за овие дела, рече Петровска.

Изрази надеж дека добрата соработка меѓу библиотеките во Делчево и Кочани ќе продолжи и понатаму и воедно упати честитка до граѓаните по повод денот на ослободувањето на Делчево и денот на независноста на Македонија.

Во продолжение изјавите на директорките на двете библиотеки и авторот на изложбата:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*