ФК ,,Брегалница” Делчево и дефинитивно нема да се натпреварува во 3 МФЛ Исток

ФК ,,Брегалница” Делчево и дефинитивно нема да се натпреварува во 3 МФЛ Исток откако името на екипата не се најде во распоредот за есенскиот дел од сезоната 2023/24.

Нови екипи во 3 МФЛ Исток се „Ударници“ од Пирава и повратникот од Втората Фудбалска Лига „Слога 1934“, а освен екипите на „Победа“ од Валандово и „Спартмани“ кои испаднаа во регуларниот дел од првенство, и „Осогово“ кое се искачи едно скалило погоре, од минатогодишните учесници во ова натпреварување годинава недостасува и „Академија Чешиново-Облешево“.

Котизацијата ја платија само девет екипи што значи дека во секое коло ќе има по четири натпревари а една екипа ќе биде слободна.

Првенството започнува на 16 Септември во 15:00 часот а во првото коло се среќаваат:

„Карбинци“ – „Овче Поле“

„Тиверија“ – „Вардарски“

„Малеш“ – „Ударници“

„Дојранско Езеро“ – „Слога 1934“

Слободна во првото коло е екипата на „Рудар“ од Пробиштип.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*