
Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски
се наоѓа во САД каде е гостин на Стејт Департментот како дел од Програмата за лидерство за меѓународни посетители, ,,Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа
-Ја имам честа, во периодот од 6-16 септември 2023 година, да бидам во посета на Соединетите американски држави, како гостин на Aмериканскиот Стејт департмент и да учествувам во Програмата за лидерство за меѓународни посетители, ,,Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“. Во моментот сум на работна средба, која ја води Mishelle SUAREZ YAMIN, од US Deparment of State.

Предавања, позитивни искуства, размена на искуства, ефективно управување со финансиите, дискусија и многу информации.
Благодарност до USAID, што овозможува да учиме менаџмент на локалните самоуправи и оптимизација на финансиските трошоци и што ни го овозможи ова студиското патување, кое ќе биде убаво искуство, од кое ќе произлезат нови идеи, кои ќе можат да се применат во општините, истакна Пекевски во неговата објава на фејсбук.

И во наредните неколку денови, очекува особено плодно студиско патување и искуства, кои можат значајно да влијаат на перцепцијата и пристапот кон локалната самоуправа.
Leave a Reply