Паркингот и новата улица покрај новиот градски пазар во Делчево го добија најававуваниот асфалт

Со асфалтирање заврши изградбата на паркингот и новата улица покрај новиот градски пазар во Делчево. Со градежните активности согласно проектот, како што информираа од Општината опфатено е и поставување асфалт на површина од 3.500 м2, како и асфалтирање на улицата 6.1, со цел кружно сообраќајно поврзување. 

-Средствата се обезбедени од Буџетот наштина Делчево, а работите ги изведува фирмата ОСД КИРИЛ. Со овие градежни зафати, комплетно се решава инфраструктурата и сообраќајната комуникација на новиот градски пазар, информираше делчевскиот градоначалник Трајковски кој изврши увид во работите.

Вредноста на работите како што додаде е околу 5 милиони денари.

Претходно, на оваа локација се изгради и новата улица 3 која го поврзува пазарот со улицата кај пешачкиот мост и детската градинка и овозможува современ сообраќаен пристап со потребните такси и автобуски стојалишта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*