
Фолклорен ансамбл ” Атанас Манчев “од Бургас добро ни дојдовте во нашето убаво Делчево, се вели во објавата на претседателката на КУД ,,Гоце Делчев”, Соња Мавродиева Георгиевска.








Во меѓувреме сè е подготвено за 47-иот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Делчево фест“ во чии рамки ќе се одржи и 17-то издание на традиционалната Пијанечко-малешевска свадба како придружна манифестација во функција на збогатување на туристичката понуда на регионот.

На летната сцена во Делчево на 9 септември, сабота, со почеток во 11.00 часот најавен е настап на 600 фолклористи од 20 фолклорни друштва кои ни доаѓаат од Турција, Бугарија, Србија и од неколку градови од Македонија, но и солисти- изведувачи, а главни ликови на годинешнава Пијанечко-малешевска свадба се Дарко и Тамара Спасови од Делчево. Тие ја продолжуваат традицијата и докажуваат дека свадбарските обичаи се сè уште живи и се почитуваат.
Пијанечко-малешевската свадба ја чува од заборав богатата палета свадбарски обичаи и ги промовира свадбарските обичаи како вредно наследство од нашите предци.
Дел од свадбарските адети ќе бидат промовирани и на летната сцена во рамките на „Делчево-фест“.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата.
Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерство за култура на Република Македонија.

Leave a Reply