
Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја креираше топ 5 листата на најчитатели-мажи, која библиотеката ја прави 4 години по ред. На листата како што истакна директорката Биљана Петровска се најдоа читатели – мажи на различна возраст, кои што читаат секаков вид на литература, редовно доаѓаат во библиотеката и навреме ги враќаат книгите.
-На петто место се најде Бојан Димитровски.
Четврто место за Филип Стоименов.
На трето место е Мартин Стоименов.
Второто место до доби Сашо Златковски.
И на врвот на листата, прво место за Драги Миленски. Честитки за сите, нека бидат и понатаму наши редовни читатели, рече Петровска.
Порача и понатаму оваа листа на топ 5 најчитатели – мажи во ЈЛБ „Илинден“ нека биде поттик и инспирација што поголен број мажи да читаат книги, затоа што и понатаму по бројот на изнајмени книги, водат припадничките на понежниот пол.





Leave a Reply