,,Копачка” најатрактивна група на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Шарена Стомна” во Добриниште

Здружението Фолклорна група ,,Копачка”, с.Драмче, Делчево ја ,,Копачка” ја освои наградата за најатрактивна група на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Шарена Стомна” во Добриниште, Р.Бугарија.

На фестивалот учествуваа фолклорни друштва од Бугарија, Македонија, Србија, Грција и Босна и Херцеговина и годинава со вкупно 31 ечесник – во една таква конкуренција, со оваа претставување Копачка ја освои публиката и организаторите и со одлука на директорот, групата освои Грамота за Најатрактивна група на фестивалот.

-Иако фестивалот нема конкурсен карактер, нам ни беше доделена една од предвидените награди за НАЈАТРАКТИВНА ГРУПА, на фестивалот. Благодарност до организаторите на чело со директорот Љубомир Марјански, за доделената награда и за прекрасната организација на фестивалот. Нема поголемо задоволство за било кој член на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, кога е во прашање добивањето на награда во туѓа држава, рече претседателката на ЗФГ ,,Копачка”, Перса Стојановска и додаде:

Настапот на VI МФФ „Шарена стомна“2023 Добриниште, беше вистински предизвик за нас. Со задача да ја претставиме нашата држава, во најдобро можно светло, во време од 7 минути, секако ја исполнивме нашата визија преку пијанечките бисери на ора „Ситното“ и „Копачката“, кое пак е заштитено македонско национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес и воедно е светско културно наследство на УНЕСКО, впишано во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. Тоа го покажа и многубројната публика, која не поздравуваше во целиот наш настап со аплаузи и овации, додаде претседателката на Копачка.

На фестивалот учествува фолклорни друштва од Бугарија, Македонија, Србија, Грција и Босна и Херцеговина и годинава со вкупно 31 учесник.

На сцената беа: Ана Алексовска, Адријан Стаменовски и Николче Петровски (сите тапанџии); Матеа Стојановска, Јована Јаневска, Теона Ефтимовска, Драгана Анакиевска, Зора Илиевска, Маја Трајковска и Соња Телетанска (играорки); како и Петар Орачки, Ванчо Андонов, Филип Стоименов и Мартин Стоименов(играорци).

Зад сцената Перса Стојановска- раководител, Лидија Дамјанова- задолжена за фотографија, Јана Илиевска, задолжена за носење на државното знаме и Билјана Петровска- техничко лице.

-Сите со радост и славење, ја дочекавме наградата. Упатувам благодарност до сите вас што решивте самофинансирачки да учествуваме на фестивалот, што го дадовте својот максимум и ја кренавме публиката на нозе… и горди си заминавме со наградата и насобрани прекрасни спомени, заврши во својата објава на фејсбук Стојановска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*