Концерт ,,Изненадувања” за најмладата публика од Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” и продукцијата Триангл во Делчево се одржа концерт Изненадувања – класична музика за деца.

Во преполната киносала во Делчево дечињата уживаа во оригиналниот музички перформанс кој на едукативен начин преку игра и песна ја доближува класичната музика до младата публика и ја  буди нивната фантазија.

На настанот учество зедоа ученици од ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „ Ванчо Прке“.

Се работи за концерт од нов вид, кој по својата форма претставува иновативен и оригинален проект, со богато музичко претставување. Музиката е аранжмански обработена и селектирана, се со цел да допре до децата.

Преку ваквите проекти кои се поддржани од Министерството за култура, се промовира и едуцира стилска и жанровска музичка разновидност, преплетена со драмско дејство кое е адаптирано за возраста на публиката.

Продукција Триангл се состои од проефeсионални музичари и соработници кои во период од 10 години од своето постоење има реализирано повеќе од 1700 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*