Заврши санацијата на Клубот на пензионери во Делчево

Здружението на пензионери од Делчево ја заврши санацијата на просториите во Клибот на пензионери кој неодамна беше зафатен од поплавите кои го зафатија Делчево. Претседателката на здружението Виолета Арсова информираше дека санацијата се реализирала на поддршката која што ја добиле од локалната самоуправа и спонзори. 

-Имавме голема хаварија за време на поплавата и нашиот пензионерски клуб долго време беше затворен, односно не функционираше. Благодарение на фирмата ГП Гранит и градоначалникот на Општина Делчево со локална самоуправа успеавме после поплавите да го санираме Клубот на пезнионери и да го приспособиме како едно убаво пензионерско катче. Сега повторно пензионерите можат да го користат слободното време за играње различни игри кој за која игра има афинитет, со тоа што планираме да воведеме и нов фонд на игри кои што ќе се одржуваат во пензионерскиот клуб, рече Арсова.

Претходно, како што додаде во Клубот на пезнионери исто така со поддршка на спонзори обезбеден е соодветен пристап за пензионери со попреченост.

-Сакам да напоменам дека нашиот пензионерски клуб освен за секојдневните игри како шах, домино и др., го користиме и за едукативни предавања најлесто соЦрвен Крст Делчево за разни акции, последната беше за бесплатно мерење на шеќер во крвта  додека имавме и работилници со МВР на тема спречување на семејно насилство, додаде Арсова.

Претседателката на делчевското здружение ја искористи приликата на пензионерите да им го честита 20 Септември, Светскиот ден на пензионерите, посакувајки им долг пензионерски живот. Воедно на пензионерите кои учествуваа на неодамнешните спортски пензионери игри во Брвеница, им го честиташе освојувањето на златен и сребрен медал во атлетика и табла, упатувајки посебна честитка до пензионерката Станојка Атанасова, која и на 85 години се уште учествува и освојува медали во табла во женска конкуренција. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*