Започна пријавувањето за учество на манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2023“

Традиционалната манифестација  со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 29 септември, информираа на денешната прес конференција од Општина Делчево. Во рамките на манифестацијата се предвидува пред летната сцена да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај, но и да се дегустира финалниот производ. 

-На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова  ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи, а на штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место. За учесниците се предвидени награди. Во категоријата највесела ракија се предвидени две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади, додека највкусниот мармалад или слатко ќе се наградат со 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, информираа од Општина Делчево.

Заинтересираните за учество во манифестацијата можат да се пријават во Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ најдоцна до 28 септември. 

-Јавниот повик за учество со повеќе детали за настанот можете да го преземете од веб-страницата на Општина Делчево и фб-страницата на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, додадоа организаторите.

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиска поддршка е од Министерството за култура на РСМ, а во продолжение на тексто е јавниот повик кој заеднички го објавуваат двете установи

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување учесници во манифестацијата

„Пијанечки денови на сливата 2023“

Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2023“.

Манифестацијата ќе се одржи на 29.09.2023 година пред Спомен- домот АСНОМ.со почеток во 12 ч.

Во рамки на централниот настан е предвидено:

1.Натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“

2.Подготовка на мармалад, слатко и компот од слива

3.Подготовка на бели пецива со производи од слива

4. Декорирање штанд.

Подготовката на ракија, мармалад и слатко, како и декорирањето на штандот ќе има натпреварувачки карактер, а додека другите активности се ревијални.

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите.

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Општина Делчево за сите пријавени учесници ќе обезбедат:

1.Други потрошни материјали како дрва, шеќер, брашно и сл.

2.Тезга за изложување и продажба на своите производи

3.Промотивни материјали за учесниците

4.Две награди за највесела ракија (прва награда во износ од 8.000 ден, втора награда од 6.000 денари), награда за најсладок мармалад/слатко во износ од 3.000 денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од 3.000 ден.

Рок на пријавување е до 28.09.2023 година. Пријавувањето се врши со пополнување и поднесување Пријава во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Лице за контакт од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- Методи Толевски, тел. 070966604

e-mail: centarzakultura@yahoo.com

Пријавите може да се симнат од веб- страницата на Општина Делчево или да се подигнат во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*