Се запали товарно возило пред месноста Крива Круша кај Пехчево

Изгоре товарно возило на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево пред местото викано Крива Круша. Во моментот на терен интервенираат пожарникари од ТППЕ Берово со едно возило, кои велат дека пристигнале на местото на несреќата веднаш по дојавата која ја добиле околу 12 часот.

Возачот на изгорениот камион за МИА вели дека се се случило за една минута, кога набрзина избувнал оган во предниот дел од камионот.

– За минута време изби оган од лабината и тоа е. Возев накај Берово кога се случи тоа. Шофер сум околу 20 години но досега тоа не ми се случило, иако на други шофери им се има случувано, вели возачот на камионот Александар.

Тој потврди дека пожарникарите бргу пристигнале, но било доцна за камионот кој бил во пламен. 

Во моментот екипите целосно го гасната возилото и блискиот терен, апелирајки до  возилата кои се движат во близина на опожареното место да ја намалат брзината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*