Спортски активности во Пехчево во рамки на Европската недела на спортот

Општина Пехчево заедно со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево е дел од проектот Европска недела на спортот, спроведен од страна на Агенцијата за млади и спорт, финансиран од страна на Европската Унија.

Главната цел на проектот е креирање можности и погодна средина, која овозможува сите да бидат активни преку спортско рекреативни активности, особено на локално ниво.

Преку проектот не само што се активираат младите физички, туку се унапредува и нивното физичко здравје и благосостојба.

Денес во Спортската сала „Јане Сандански“ – Пехчево, децата од петто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево со наставничките по физичко образование Афродита Денковска и Ани Биковска, имаа спортски и физички активности преку кои се подобрува физичкото здравје на децата, се негуваат врските помеѓу различните заедници, се рушат бариерите како што се културните, половите и националните, а децата ја зајакнуваат љубовта кон спортот и спортските активности.

На настанот присуствуваа и претставници од општинската администрација. Преку овој проект, ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од Агенцијата за млади и спорт доби ластици за одвивање на спортски активности за обликување на телото.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*