Излезе видео записот за ,,Далеку од нас” од Иван Тренчевски

Излезе видео спотот за песната ,,Далеку од нас” од нашиот познат вокал Иван Тренчевски. Текстот за песната е авторско дело на Тренчевски исто како и музиката, а аранжманот е направен со неговиот матичен бенд Hotline , додека продукцијата е дело на Милош Михајловиќ – Blaze Studio од Белград.

Видео спотот за ,,Далеку од нас” е снимен на локации во Делчево, а песната е со љубовна тематика инспирирана од денешницата во која живееме.

За самиот автор може да кажеме дека освен што е актуелен со најновиот хит, истиот настапува во повеќе градови во Македонија.

Од неговата фан страна може да забележиме каде се настапува, најчесто со неговиот матичен бенд Хотлајн кои беа дел од снимањето на музиката во студиото во Белград.

На авторот му посакуваме многу успех во понатамошната кариера, а во продолжение погледнете го видео изданието за ,,Далеку од нас”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*