Потпишан договорот за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево

Во Пехчево денес е потпишан договорот за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставници на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. 

Како што информираа од Општината, Општина Пехчево ја има предвидено конкретната акција и за истата има обезбедено средства за реализација

во рамки на Локалниот акциски план за инклузија на ромите во Пехчево за 2023 – 2027 година.

-Проектот ќе се реализира со цел да се подобрат условите за работа, учење и престојување на учениците и персоналот во подрчаното основно училиште во село Црник, информираа од Општината.

За реализација на проектот „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево , дел од средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а дел од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Ромалитико, како што беше кажано при потпишувањето на договорот преку проектот Заедно за просперитетна заедница поддржан од Агенција за меѓународен развој ( УСАИД ) има обезбедено средства наменети за иницјативи за решавање на проблеми, со цел подобрување на припадниците на ромската заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*