
Матичната библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево денес реализираше настан по повод пристигнувањето на есента. Активноста се реализираше во соработка со ОЈУД” 7 Септември”.
-Си замина летото, но ни пристигна раскошната златна есен. Есента пристигна и во нашиот град посетувајќи ги нашата библиотека и нашата градинка. Денеска по тој повод се дружевме со дечињата од големата група од ОЈУД” 7 Септември” под менторство на наставничката Розмарина Мицевска.
Ни подарија сликовница со цртежи изработена од малите вешти рачиња на дечињата со помош на нивната учителка. Директорката им подготви цртежи со мотиви од есента,а дечињата имаа за задача преку раскажување на цртежите да создадат приказна и да и дадат име. За денот да ви биде убав дружете се со дечиња големи и мали, се вели во објавата на МБ ,,Кочо Рацин”












Leave a Reply