Заврши уредувањето на детското игралиште во пехчевски Чифлик

Во рамки на проектот Програма за развој на заедницата во пехчевското село Чифлик заврши третата акција како дел од
проектната иницијатива „Уредување на детско игралиште во село Чифлик, Општина Пехчево. Иницијативата како што истакна Јасминка Пашалиска Андоновска од Локалната акциска група Малеш-Пијанец која е партнер во проектот е финансирана од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, имплементирана од страна на Мрежата за рурален развој на Македонија и од страна на Општина Пехчево.

Целта како што додаде е сите засегнати страни заеднички да ја реализираат проектната идеја, со цел разубавување на детското игралиште и овозможување подобри услови за живот на локалното население.

-Заеднички со партнерски пристап и вклученост на локалните чинители завршивме уште една активност која што беше поттикната од самите жители на село Чифлик преку Програмата за развој на заедницата како проект на УСАИД имплементирана од страна на мрежата за рурален развој ЛАГ Малеш-Пијанец која локален партнер во имплементацијата. Еве веќе сме на крај на втората година во досегашниот период во кој преку состаноци прашалници, разни други форми на комуникација успеавме да допреме до сите жители на ЛАГ Малеш-Пијанец, Општините Берово Пехчево и Делчево и врз основа на нивните потреби веќе реализираме неколку мали активности, а една од овие е во селото Чифлик, рече Пашалиска Андоновска.

Програмата во проектот како што додаде учествува со 40 проценти, додека 60% од вкупниот износ се покриени од страна на Општина Пехчево, другите вклучени партнери и локалните жители кои што активно учествуваа во реализација на работите со нивен работен ангажман.

-По завршувањето на оваа акција сметаме дека ова е начин да ги поттикнеме, не само помалите места и урбаните заедници туку и невладините организации и бизнис секторот со активно вклучување да придонесеме заеднички да ги подобриме условите на живеење, додаде Пашалиска Андоновска.

Елица Јовевска од Општина Пехчево во име на градоначалникот на општина Пехчево изрази благодарност до целокупното локално население кое беше вклучено во оваа акција која според неа даде максимум за уредување на оваа детско игралиште.

-Во рамки на иницијативата поставивме нова жичана ограда, ги префарбавме и прицврстивме сите столпчиња и канделабрите, ги променивме сијалиците така што сега целото игралиште е осветлено. Исто така поставивме детски реквизити, го префарбавме постоечкиот летниковец каде што младите поминуваат најголем дел од нивното време. Тука направивме и постројка каде што дечињата го чекаат автобускиот превоз за да одат на училиште во Пехчево. Поставивме и канти за отпад за да не се загадува природата. Со еден збор го уредивме игралиштето за да можат децата да се чувствуваат прекрасно кога дојдат тука и да го поминуваат нивното слободно време, рече Јовевска.

Изрази голема благодарност и до сите останати вклучени чинители во оваа акција меѓу кои Јавното комунално претпријатие Комуналец – Пехчево, Детската Градинка , 7 Септември” – Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата, село Негрево, Пехчево, најмногу заблагодарувајки се до населението и општинската администрација кои несебично се вклучија за успешно да се завршиме самиот проект.

Во врска со проектот и неговата реализација директорката на градинката Васка Симовска изрази задоволство, надевајки се дека целта за која што се поставени реквизитите ќе биде постигната.

-Се надевам и дека игралиштето кое е заградено ќе биде од корист на сите корисници односно на цело село. Тука ќе имаат корист најмногу децата, бидејки тие престојуваат поголем дел од времето и секако и децата кои ја посетуваат градинката, бидејки тие го поминуваат времето повеќе надвор користејки ги овие реквизити. Се надеваме дека ќе ги подобриме условите и дека ќе обезбедиме подобри реквизити за во иднина, додаде Симовска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*