
Денеска во Ресен се одржа поетска манифестација “Детски гласови 2023” во организација на ЗГИК Жар Преспа – Ресен на која учествуваа ученици од сите градови на Македонија.
ОУМБ” Кочо Рацин” се натпреваруваше во две категории од 8 до 12 години со Михаил Цековски кој освои Гран При награда за најубаво изрецитирана поетска творба и од 13 до 18 години со Јана Тодоровска која освои II место од стручното жири, под менторство на Габриела Костадинова.
Благодарност до жири комисијата и организаторката на манифестацијата Даринка Веслиевска за доделените награди.









Leave a Reply