
Кон крајот на посетата на Нова Горица, делегацијата на Општина Берово заедно со Доброволното противпожарно друштво „Нова Горица“ го посетија гробот на преранопочинатиот пожарникар Жан Кофол, да го одбележи споменот на двегодишнината од неговата смрт.
Жан Кофол беше млад доброволен пожарникар од Словенија кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои узбувнаа во август 2021 година, кој прерано загина веднаш по враќањето дома.
Во негова чест и спомен општина Берово минатата година именува улица која ќе го носи неговото име, преку која ќе се сеќаваме на неговото херојство, жртва и посветеност. Берово се сеќава на сите свои херои.






Leave a Reply