Во библиотеката ,,Кочо Рацин” во Пехчево отворена изложбата ,,Христијански светители”

Денеска во Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” во Пехчево се одржа изложба на уметнички дела со ликови на светители од христијанската религија од авторот Влатко Анчов од Кочани.

Настанот се реализира во соработка со библиотеката ” Искра” од Кочани,а директорката на библиотеката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова беше рецензент на каталогот со икони.

На настанот учество зеде и директорката на ЈЛБ “Илинден” од Делчево, Биљана Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*