Врсничкото насилство тема на едукативното предавање во ООУ ,,Ванчо Прке” – Делчево

ДЕТСКА НЕДЕЛА под мотото “ЈАС И СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ”

Во рамките на Детската недела која што е и законска манифестација наменета за децата, член 221 од Законот за заштита на децата (Сл..весник на РМ член …13/2013) сите земји вклучително и РС Македонија, членките на ООН, треба да стават посебен акцент на детските права. Токму затоа – како и по повод “Светскиот ден на детето” , денешнава активност во нашето училиште беше одржана на часот на оодделенската заедница за учениците од шесто до деветто одделение
на тема “ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО “.

Предавањето беше реализирано од страна на Педагогот и Псохологот од нашето училиште како и претставници од
ОО на Црвен крст “, од Делчево кои преку нивниот проект “Промоција на хумани вредности “, ќе бидат дел од заедничките активности кои оваа учебна година ќе ги реализираме заедно.

Учениците разговараа за
видовите насилства кои треба да се препознаат и да се пријават со цел навреме да бидат информирани сите засегнати страни кои заедно превентивно ќе се вклучат за да го пријават и да биде разрешено. Учениците беа запознаени и со начинот како тоа може заедно со сите служби од училишниот триаголник и стручни служби и институции да биде спречено, се вели во објавата на ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*