Училиштата од Делчево и Пирот го заокружија циклусот на размени од Superschools проектот

СОУ Методи Митевски – Брицо, Делчево во соработка со Средна Стручна Школа, Пирот го заокружија циклусот на размени предвидени во својот проект Don’t Give Up, Gift Up од програмата на долгорочни партнерства на Суперучилишта. На втората размена, одржана во Пирот, Србија во периодот од 24-ти до 30-ти Спетември, 2023год, СОУ Методи Митевски – Брицо учествуваше со истиот состав и број на ученици како и на првата размена која се реализираше во Делчево.

Проектниот координатор речиси секојдневно известуваше за поголемиот број од  настаните преку личниот профил на социјалните мрежи и пратени материјали на училиштето.

Важноста на проектот се рефлектира при самата селекција на апликацијата од страна на донаторите која  на специфичен  продолжение на првиот циклус. Само две училишта влегоа во вториот циклус а вкупно седум на ниво на Западен Балкан во програмата на долгорочни партнерства.

Програмските содржини, осмислени да се имплементираат преку обуки на учениците и на двете размени, се дел од мисијата на Регионалната Канцеларија за Развој на Младите RYCO, подржана од останатите донатори на Западен Балкан, EU, GIZ, BMZ. Така, за потсетување од првата размена, обуките со тема од Интеркултурен Дијалог (Идентитет, Култура и спознаваање) и  Методологија на Решавање на конфликти како и сегменти на кариерно советување и социјално претприемаштво со тема Зелена Агенда,  во форма на работилница се одвиваа во утринските часови во просториите на нашето училиште а остатокот  од програмската агенда  беше реализиран надвор од училиштето во согласност со надоврзување на содржините поминати преку денот.

Методологијата на работа од програмски содржини и посети се надоврзуваа во возвратната посета на Средња Стручна Школа.

Во Пирот, проектниот тим од 10 ученици со својот координатор Желеанка Демирова и директорот Дијана Цонева беа топло пречекани од партнерското училиште. Се реализираа работилници на тема Видови на Комуникација, Разбивање на Стеротипи преку примери на LGBTIQ, спорт и врсничка обука, прифаќање и инклузија на различностите и негување на културата и традицијата. Учесниците се стекнаа со комуникативни и презентерски вештини кои се дел од методологијата на доживотно учење.

Се посетија многу познати организации и локации како Еврејска Улица со Давидова Звезда кој говори за траги од минатото а се презентираше лично од директорот на Историскиот Архив Пирот, Давор Лазаревиќ; организацијата Дамски Свет за изработка на познатиот Пиротски Ќилим, кој изобилува со традија и вредности. Од верските обележја беа посетени два манастири во областа на Димитровград, Погановски Манастир и Суковски Манастир кадешто учениците имаа можности да присуствуваат на одлични предавања, за теми од секојдневниот живот со тон на мотивација современиот живот и предизвиците за младите. Од знаменитостите на градот исто беа издвоени и Музејот Понишљава кој изобилува со безценети артефакти.

Посетата на Центарот за Пружање на Помош МНРЛ Пирот и резултатите од успешно реализираните активности е доказ дека учењето на младите за солидарноста во изградувањето на цврстите врски за отвореност кон различностите е пат кон праведност, инклузивно и демократско општество. Обуката реализирана од извршниот директор на НВО Тернипе, Пирот беше исто така многу добро примана од страна на целиот тим од учесници а во продолшение се посети и самата организација каде беа имплентирани низа динамични младински активности за кохезија.

Освен програмските тематики, целта на проектот е да постави темели за успешно вмрежување на организации и институции. Процесот на вмрежување е започнат а понекаде е и порано реализиран од предвиденото – со ова се очекува дека целта е исполента со надеж за понатамошна соработка како на училиштата така и на останатите организации.

“Чест и гордост ни претставува што сме дел од  втората размена на вториот циклус на меѓунарони проекти од програмата на Суперучилишта. Особено ни е драго што наш домаќин е Средња Стручна Школа со која сме втора година партнери по покажаната одлична соработка на професионален план. Како директор на СОУ Методи Митевски – Брицо, се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднината со слични добри практики во кои учениците имаат прилика да се едуцираат, развивајќи вештини за понатамошниот живот и нивна професионална кариера.

Верувам дека и оваа размена ќе помине во духот на позитивна пријателска атмосфера за учење и нашите ученици од двете училишта ќе го дадат својот максимум, ќе создадат спомени кои се вредни за паметење. “, изјави директорката на  СОУ Методи Митевски – Брицо, Делчево пред медиумите од Пирот.

Дополнително, да се напомене дека проектните активности и учесниците беа придружувани еден ден од Програмската Канцеларија на RYCO во насока на снимање на видео материјал од делот на успешни практики од Супеучилишта.

Проектен координатор,
Желеанка Демирова

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*