Обука во ООУ ,,Св.Климент Охридски” на тема ,,Првата помош спасува живот”

Општинската организација на Црвен Крст Делчево во деветолетката Св.Климент Охридаки ја претстави кампањата по прва помош под мотото “Првата помош спасува живот”. Кампањата е наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години во Р.Македонија.

Главна цел на кампањата е да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.

Во рамки на кампањата, општинската организација на Црвениот крст Делчево спроведе обука, наменета за учениците од осмо и деветто одделение од ООУ Климент Охридски во Делчево.

Мотивирани од успешно спроведената обука продолжуваме да шириме знаења и да ја подигнеме свеста кај младите за важноста на првата помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*