Библиотеките од Делчево, Пехчево и Берово дел од проектот ,,Како до подобри услови за работа на библиотеките”

Библиотекарското здружение на Македонија оваа година ќе го реализира проектот што е финансиран од Министерството за култура на РСМ, а носи наслов „Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност“.

На средбата одржана во Кочани се разгледуваа прашалниците коишто вклучуваат прашања потребни за пополнување на Светската мапа на библиотеки (ИФЛА), прашања за реалните услови за работа на библиотеката како и прашања во поглед на законската регулатива.

Од посетите и спроведената анализа, на 31 октомври во склоп и на годишното собрание на БЗМ ќе се одржи средба од собраните податоци, нивна анализа, но секако и дискусија за прашањата коишто ќе бидат собрани од одговорените прашања во прашалникот.

Предавачи беа Јелисавета Костадинова Јана Михаиловска и Наум Ѓоршовски (соработници за реализација на проектот), стои во објавата на ЈЛБ ,,Илинден”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*