Црвен крст Делчево го одбележа Светскиот ден на стари лица

Согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Македонија на 01 октомври се одбележува Светскиот ден на старите лица.

Црвен крст и оваа година активно се вклучува и дава придонес во севкупните напори за неопходната грижа и заштита на старите лица во земјата.

Општинска организација на Црвен крст Делчево оваа година овој Светски ден го одбележа во понеделник на 02 октомври во соработка со клубот на пензионери.

Целта на овие активности е надминување на глобалните предизвици како и придонесувајќи за нивни решенија и полесно справување, зголемување на свесноста за проблемите на старите лица, како и да се потенцира придонесот на старите лица во општеството и остварување на правата, добивање на неопходната грижа и заштита на старите лица во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*