
Денеска во Општина Делчево ја остваривме првата официјална средба со Неговото преосвештенство, владиката Мaрко, епископ на новоформираната Делчевско-каменичка епархија.
На средбата, владиката Марко не запозна со планираните активности и предизвиците со кои се соочува новоформираната Епархија. Се разговараше и за состојбата со старите цркви и манастири во регионот, а посебен акцент беше ставен на доизградбата на новиот црковен храм „Св.Кирил и Методиј“, каде е планирана и изградба на седиштето на Епархијата.

Владиката изрази и големо задоволство од досегашната поддршка, но и од поддршката на православните верници и нивниот интерес за Епархијата.
За мене како градоначалник претставува посебна чест што во мојот мандат, Делчево и Македонска Каменица добиваат своја Епархија и најавувам поддршка во обезбедување на потребната инфраструктура за новата Епархија.
Новоформираната Епархија е една од 15-те епархии во јурисдикација на МПЦ-ОА. Седиштето на новоформираната епархија е во Делчево со јурисдикција на градовите Делчево и Македонска Каменица заедно со селата во овие општини.

Leave a Reply