Денес се одбележува Светскиот ден на учителите 5 Октомври

Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок и хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.Учителот го води воспитно образовниот процес во училиштето и учествува во изградувањето на карактерот и знаењето на младите личности. Тој добро ја познава душата на ученикот, тој е истовремено педагог, психолог и методичар кој го негува творечкиот и креативниот дух на учениците.

Основната задача на учителот не му е само насочување на учениците во учењето преку давање на знаења, туку денес во современата настава учителот е истражувач, иноватор на наставниот процес и наставните содржини, а истовремено и оценувач на знаењата на учениците. Без квалитетен наставен кадар нема ниту квалитетно образование.

Учителот е огледало на воспитно образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба да ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти!

-Драги професори, нека ни е честит Светскиот ден на учителот и како и досега да го даруваме највредното, ЗНАЕЊЕТО, со многу умешност, вештини и пред сѐ со многу насмевка и љубов. Знаеме дека тоа не е лесно, но истовремено е прекрасно чувството со наше вложување една личност да израсне во индивидуа подготвена да стане носител на просперитетот i иднината на својата земја!
,,Најмногу што образованието може да му го понуди на детето во неговиот развој е да му помогне и да го насочи кон подрачјата кои му одговараат на неговата надареност. Каде што ќе биде задоволно и стручно.“ – Д. Големан
,,Знаењето се множи со делење,, -Латинска поговорка, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо” по повод Светскиот ден на учителот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*