Општина Берово ќе биде дел од Пактот на градоначалниците за климатски промени и енергија. Ова го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски на својот фб профил на кој информираше дека моментално престојува во Турција, каде што учествува на MARUF СЕСИЈА ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА, чија цел е зајакнување на енергетската транзиција.
-Разменивме мислења и искуства иимавме доста продуктивни дискусии за енергетската транзиција.

Општина Берово ја имаше таа можност да се вклучи во пректот за изработка на СЕКАП и преку поширока перспектива со подршка на ГИЗ и ОРФ програмата да се вклучи во процесите на планирање за изработка на Стратегија за енергија и акциски план за клима, со мерки за справување и ублажување на последиците. Со тоа Општина Берово ќе биде дел од Пактот на градоначалниците за климатски промени и енергија за спроведување на енергетски и климатски политики, рече Пекевски.

Обврските за потписничките на пактот се поврзани со рамката на ЕУ за климатска и енергетска политика: пакетот за климатски промени и енергијата за 2030 година.
Со подршка од ЕУ и меѓународната заедница потребно е да се направт првите чекори во надминување на сегашната инерција, земјите треба да развијат политики и способности во приватниот и јавниот сектор на локално ниво да ја идентификуваат, формулираат и презентираат енергетската ефикасност.
Потребни се дополнителни напори за инвестиции во областа на енергетската ефикасност, кои ќе создаваат поволни услови за финансирање и вклучување на комерцијални компаниите да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност.

Leave a Reply