
По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „ Ванчо Китанов“ во Пехчево беше реализирана пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
Првачињата дадоа свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година.
Учениците од повисоките одделенија во нивна чест реализираа свечена приредба.
Оваа манифестација е во рамките одбележувањето на неделата за детето и на овој начин првачињата ги воведуваме во образовниот процес.

Од друга страна ги запознаваме со нивните права, за кои подоцна во училиштето ќе се говори повеќе како и за обврските кои треба да ги исполнат.Во оваа пригода сакам да им посакам добедојде, пријатен престој во училиштето и успех во учењето на нашите нови ученици -рече директорката Добрилка Јовевска.
Исто така директорката на сите учители им го честита 5 Октомври Светскиот ден на учителот!

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански. Тој им го честита приемот на дечињата во светската детска организација и упати честитка до сите наставници по повод Светскиот ден на учителот.

-“Вложувањето во децата е вложување во иднината – ова е чест слоган на Обединетите Нации, кој се однесува на детската популација. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината која доаѓа, рече Китански.
Инаку, општина Пехчево со одлука од Советот на Општина Пехчево на сите првачиња оваа година им додели по 1500 денари.

Leave a Reply