ЈЛБ ,,Илинден” ја одбележа Неделата на детето

Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина, светот останува на децата и треба да ги научиме да ги осознаат вистинските вредности на животот и да успеат во овој свет.
Првата седмица од месец октомври е посветена на сите деца и е наречена Недела на детето.

Всушност, Недела на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата и овие денови нека бидат поттик за посериозно и попосветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. Вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.

ЈЛБ „Илинден“-Делчево, неделата на детето ја одбележува заедно третооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“.Учениците, заедно со нивните наставнички, изработија ѕидни весници, на кои пишуваа и црткаа во чест на Неделата на детето и истите ги донесоа во библиотеката. Овие нивни прекрасни творби од понеделник ќе бидат изложени на влезот од библиотеката до 10 октомври и сите наши сограѓани во секое време можат да дојдат да ги видат во наредните неколку дена.

По повод Детската недела, на почетокот учениците ги поздрави градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски посакувајки им среќно и безгрижно детство

Библиотеката упатува огромна благодарност до сите дечиња и до нивните наставнички Јулија Крстевска, Васка Филипова и Даниела Петровска, што помогнаа и беа дел од одбележувањето на Неделата на детето.
Да не заборавиме, најголениот подарок што можеме да му го дадеме на едно дете се корените на одговорноста и крилјата на независноста.

Повеќе фотографии на линкот ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*