
На завршен настан кој се одржа во просториите на Средното општинско училиште ,,М.М.Брицо” во Делчево претставени резултатите од проектот ,,ТрансЗелена Инспирација” кој во изминатиот период го спроведе Центарот за одржливи практики ,,Природна Перспектива” со седиште во Стар Истевник, Делчево. Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата и Европската комисија, а пред учениците беше претставен концептот на Социјално претприемништво.

-Проектот ТрансЗелена Инспирација опфаќаше подготовки на терен и подигнување на капацитетите на здружението, за да прерасне во еден Центар за одржливи практики, каде ќе можат да се развиваат идеи во областа на самооддржливоста и руралниот развој. Пред учениците претставивме зошто се фокусираме на Зелено социјално претприемништво. Ги споделивме можностите кои ги нуди Еразмус плус програмата и Европскиот корпус на солидарност бидејки сметаме дека неформалното образование е многу важно за развојот на една личност, истакна Симона Николова Димитровска, асистент координатор на проектот.

Во рамки на проектот беа реализирани два кампа за млади, на кои учество зедоа по 10 млади од странство и нашата држава.

-На овие кампови развивавме бизнис планови по прирачникот кој го изготвивме како еден резултат од проектот.Сега следува дисеминација на резултатите со пошироката јавност, дел од учесниците добија сертификати за тоа што беа дел од овие младешки кампови на кои учевме и многу се забавувавме, додаде Николова Димитровска.

Центарот за одржливи практики Природна Перспектива проектот ТрансЗелена Инспирација го спроведе во партнерство со здружението Надежда за Нас од Р.Бугарија.
Leave a Reply